Kancelarija Kontron MK popravena (2)

Запознајте ја Контрон МК

Контрон МК, членка на групацијата Контрон АГ, е меѓу водечките добавувачи на прилагодени и високо доверливи IoT решенија. Од напредни телекомуникации и решенија за енергетика до индустриска автоматизација и „паметни“ железници – нашите решенија го движат напредокот и им носат вистинска вредност на клиентите. Да го направиме светот подобро место преку нашите „паметни“ технологии.

Што нудиме

Претходно познати како ИТС Искрател и ИТС Софтвер Центар, дел од групацијата Искрател до 2023 година, сега како член на Групацијата Контрон АГ , нашата понуда се состои од широко портфолио на интегрирани IoT решенија за дигитализација во енергетиката и во други индустрии, разновидни решенија за оперативни комуникации за железниции и патишта, широкопојасни решенија за достап, како и приватни мобилни мрежи со комплетно 5G портфолио. Нашиот опсег на делување го опфаќа целосниот циклус – од консалтинг, дизајн и развој, се до инженеринг, интеграција на системите, одржување и поддршка.

Со силно локално присуство, доверлива сервисна мрежа и тим од високо квалификувани професионалци, градиме трајни партнерства, засновани на доверба, комуникација и резултати.

СТРАТЕШКО ПОРТФОЛИО

Нашите решенија се важни за развој на прогресивно, подобро поврзано, оддржливо и безбедно општество.

Контрон ДООЕЛ — Основни информации (ID card)

Седиште на компанијата:
Ул. Мирче Ацев бр. 2
Катна гаража „Разловечко Востание“ – кат 1
1000 Скопје, С.Македонија

Контакт:

Телефон: +389 2 32 35 300
Е-пошта: info@kontron.mk

Регистарски податоци:
ДДВ број: MK4080016557585
Матичен број: 7107889
Трансакциска сметка: MK07210701001175742 — НЛБ Банка АД Скопје
Веб-страница: www.kontron.mk

Раководство

Слободан Јовановски работи во Контрон (претходно познат под името Искрател) од 1987 г. По образование е дипл. инж по електротехника, а кариерата во Искрател (сегашен Контрон) ја започна во секторот за Развој и Истражување се до 1993 од кога започнува со раководни функции на различни позиции.

Работи на сениор менаџмент позиции се до 2016 кога доаѓа во Скопје со цел да воспостави развојна единица за Групацијата Искрател. Од 2017 г. е главен директор на ИТС Искрател и ИТС Софтвер Центар сега здружени во компанијата Контрон МК.