Главна цел во обезбедувањето на стандардните сервисни услуги е квалитетна монтажа и инсталација на решенија, почнувајќи од планирање и организација, па се до имплементација и мрежна интеграција.
Стандардните сервисни услуги вклучуваат инсталација, надзор на инсталацијата, пуштање во работа и интеграција. Контрон МК исто така може да обезбеди и напредни сервисни услуги (увид на локација, проектна документација, прилагодување и интеграција, поддршка во процесот на инсталирање на опрема кај купувачи, активирање на SW лиценци).
Вообичаено, стандардните и напредните сервисни услуги претставуваат пакет на услуги што Контрон МК ги нуди на своите клиенти, заедно со испораката на опрема.