DevOps

Развоен Центар на групацијата Контрон АГ

Развивање на софтверски производи и решенија од идеја до реализација

Компетентен тим од инженери за истражување и развој испорачува генерички, како и прилагодени решенија со проактивен и иновативен пристап. Брзо се прилагодуваме, испорачуваме на време и обезбедуваме беспрекорна интеграција со постојните системи.

Нашата експертиза опфаќа архитектура, дизајн, развој, интеграција и валидација на софтверски компоненти, апликации и решенија во различни технологии што се користат во портфолиото на производи и решенија на Контрон Групацијата во неколку домени:

  • Телекомуникации, каде што развиваме апликации кои првенствено се однесуваат на надзор и управување со мрежи и мрежни елементи
  • Интернет на нештата (IoT) за индустриска употреба, каде што нашата експертиза за развој започнува од вградените нивоа и оди сè до развој на платформи и апликации за поврзување и управување со голема количина на податоци од различни уреди, ИТ и ОТ системи.

Контактирајте нè за повеќе информации