Интеграција на системи

Задоволството на нашите клиенти е одговорност на целата компанија. Во овој процес, одделот за сервисни услуги игра многу важна улога. На бројни пазари се покажало дека добра организација на сервисните услуги со добра сервисна поддршка, може да обезбеди решавачка предност пред конкуренцијата. Силниот тим на квалификувани Контрон МК експерти се одговорни за обезбедување на професионални услуги и исполнување на барањата на пазарот

Системска интеграција во ИТ средини и пошироко

Главна цел во обезбедувањето на стандардните сервисни услуги е квалитетна монтажа и инсталација на решенија, почнувајќи од планирање и организација, па се до имплементација и мрежна интеграција.

Стандардните сервисни услуги вклучуваат инсталација, надзор на инсталацијата, пуштање во работа и интеграција. Контрон МК исто така може да обезбеди и напредни сервисни услуги (увид на локација, проектна документација, прилагодување и интеграција, поддршка во процесот на инсталирање на опрема кај купувачи, активирање на SW лиценци).

Вообичаено, стандардните и напредните сервисни услуги претставуваат пакет на услуги што Контрон МК ги нуди на своите клиенти, заедно со испораката на опрема.